
Вечерва во СРЦ „25 Мај“ во Радовиш ќе се одигра натпреварот меѓу Алијанц Милано и Штип УГД од 1/16 финалето од Челинџ купот.
Италијанскиот гигант е апсолутен фаворит, а тренерот Гаспари Марко вели дека очекува победа, исто така на денешниот официјален тренинг во Радовиш тој даде коментар и за екипата на Штип УГД, која ја почитуваат, но се надеваат на добра натпревар со позитивен резултат.
„Прва работа кога излегуваме на теренот најважно ни е да победиме. Втора работа нормално се надеваме на победа. Најважно е што тие успеаја да ја елиминираат екипата од Осло, Норвешка, тоа значи дека Штип УГД е добар тим, една од подобри екипи штом во екипата имаат Бразилец, но исто така и репрезентативци од македонската репрезентација, како и тренерот кој е дел од репрезентацијата, знаеме дека се одлична екипа. Затоа ни е често што ќе се натпреваруваме против екипата на Штип УГД.“
Италијанскиот стратег зборуваше и за неговиот тим, односно вели дека се соочуваат со два проблеми пред дуелот со македонскиот вицешампион.
„Имаме два проблеми во екипата, имаме двајца натпреварувачи кои ни се повредени, едни од подобри натпреварувачи, но се надеваме и верувам дека ќе имаме успешен натпревар и дека ќе стигнеме до победата.“
Натпреварот меѓу Штип УГД и Алијанц Милано се игра вечерва во спортската сала во Радовиш со почеток од 19 часот.
Александар Ванев, М-Нет