
На 07.12.2025 во 01:42 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода А.Ј.(28) од Свети Николе. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „сеат леон“ со светиниколски регистерски ознаки, кое го управувал А.Ј., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,57 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.