Одбојкарите на Штип УГД загубија од шампионот Струмица во „Јордан Мијалков“

Запрена е перфектната победничка низа на Штип УГД, откако одбојкарите во рамки на 9. коло на Првата одбојкарска лига загубија во „Јордан Мијалков“ пред верната публика од шампионот Струмица со 2-3 во сетови.

Актуелниот освојувач на Купот на Македонија пропушти дури два сета предноста, а на крајот шампионот влезе одлично во продолжението на мечот освојувајќи ги трите сета во низа за конечни 2-3 и освојување на Штип.

Првиот сет заврши со 25:19, а вториот со 25:20 за водство од 2-0 во сетови на Штип УГД. Но, потоа Струмица со 23:25 го доби третиот и четвртиот сет за 2-2, а во петтиот сет струмичани беа подобри со 12:15.

Александар Ванев, М-Нет