Голманот на Брегалница, Никола Филевски доби повик во репрезентацијата на Македонија до 20 години

ФОТО: ФК Брегалница

Новоформираната репрезентација на Македонија до 20 години, на 3. декември ќе го одигра свој прв контролен натпревар против Лихтенштајн на гостински терен во Шан.

Селекторот Александар Таневски, го објави списокот со повикани фудбалери за првиот собир на нашата млада репрезентација.

На голманската позиција се повикани Љупче Џеков од Силекс, Давид Илоски од Брера и голманот на Брегалница, Никола Филевски.

20-годишниот Филевски има одлични настапи за штипскиот тим, а низ својата кариера беше дел од младинските категории на Работнички и Вардар, Борец и Силекс, од каде дојде во Брегалница.

Репрезентативец повик добија и Адис Мурати од Башкими, Андреј Велков од екипата на Брера, Мичо Поповски од Вардар, Виктор Делoв од Брера, Димитар Данев од Вардар, Давид Матески од екипата на Силекс, Армир Иса од Скопје, Никола Величковски од Брера, потоа Андреј Стојановски од Скопје, Тео Сандев од тимот на Моторлед Прага, Игли Хасани од Работнички, Шабан Мемети од Арсими, Харун Незировски од Хелсингборг, Илир Шерифи од Неуминстер, Сејдо Дураков од Рот-Вајс Ерфурт, Илија Масларов кој настапувано за Лугано, Аган Сулимани од екипата на Башкими, Марко Стојилевски од тимот на Брера и Нуман Ајетовиќ од тимот на Шкендија.

Натпреварот против Лихтенштајн кој се игра на 3. декември ќе започне во 18:30 часот.

Александар Ванев, М-Нет