Екипите во кочаснко на терен, се следи ситуацијата со излевање на канали и реки

Алармантна ситуацијата во неколку населени места во кочанско, по обилните врнежи од дожд. Опасност од излевање имаше во Горни и Долни Подлог, како и во село Спанчево, а на ниво на прелив е и браната Гратче. Екипите на ТППЕ Кочани, КЈП Водовод, како и Водостопанство „Брегалница“ беа на терен и интервенираат со цел да се спречат излевања и поплави во кочанскиот регион.

„Нивото на водата е уште од синоќа од 8 часот подигнато. Благодарение на противпожарните служби кои дојдоа да ги чистат дворовите во близина на каналаот кои беа поплавени, сега нивото на водата е намалено.“ – велат граѓаните.

Од Општина Кочани апелираат граѓаните да ги чистат каналите во нивна близина. Критична за излевање е и Оризарска река по течението во земјоделски посеви, а зголемено е нивото и на Кочанска река. Дежурни екипи и понатаму остануваат на терен.

Од УХМР информираат дека врнежите од дожд ќе продолжат и денеска и утре, поообилно во Источните делови од државата.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет