
Штип со последни подготовки пред официјално да „светне“ од понеделник. Веќе се поставуваат дрвените куќички на шеталиштето Ванчо Прќе, со што ќе се подготви една празнична предновогодишна магија, каде ќе се продаваат претежно храна и новогодишни украси. Дополнително овде ќе биде поставена бина со програма за сите генерации и новогодишна елка.
„Ќе има богата забавна, културна, уметничка програма со која ќе се анимираат најмладите, возрасните, жителите на нашиот град, но верувам дека вниманието ќе биде свртено кон нас. Штипјани заслужуваат предновогодишните и божиќни празници да добијат една позитивна атмосфера, да се почувствуваат посреќно, позадоволно и поубаво во сопствениот град“ – вели Јорданов.
Освен шеталиштето Ванчо Прќе, во Штип за новогодишните и божиќни празници украсено ќе биде и централното градско подрачје, каде веќе се поставуваат новогодишни реквизити. Голема елка ќе има на плоштадот Слобода, но и во населбите Сењак и Баби. Оваа година ќе се украси и булеварот Партизанска.
И оваа година е предвидено да има дочек на Новата година со познати музички имиња.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет