
Обилните врнежи создаваат сериозни проблеми на фудбалските терени, така е и на Градскиот стадион во Радовиш, каде поради голем талог на вода на теренот натпреварот меѓу Детонит Плачковица и Скопје од 15. коло на Втората лига е одложен.
Мечот беше закажан да се одигра утре, сабота, но поради тоа што нема услови за одигрување истиот е одложен за 3 декември (среда).
Претходно, исто така, беше одложен натпреварот меѓу Големо Коњари и Охрид, поради истиот проблем со поплавениот терен на прилепскиот второлигаш, па овие два меча заедно со натпреварот меѓу Тетекс и Кожуф кој се одложен, ќе се одиграат в среда на 3 декември, а тогаш ќе биде и официјално затворена есенската полусезона на Втората лига.
И во минатите сезони овој период од годината и обилните врнежи правеле проблеми на фудбалските терени, се одложувале натпревари поради тоа што терените биле поплавени. Имаше случај каде еден меч се играше во два дена, натпреварот меѓу поранешниот второлигаш Вардарски и новиот прволигаш Арсими кој се играше на Градскиот стадион во Богданци, првото полувреме беше одиграно, но поради големата количина на вода, не започна второто полувреме, па вториот дел се играше следниот ден.
Александар Ванев, М-Нет