
ФК Шкендија Арачиново денеска преку писмено соопштение реагира на денешното судење на натпреварот против Новаци. Гостите од Арачиново загубија со 1:0, меѓутоа останаа први на табелата. Соопштението го пренесуваме во целост:
,,ФК Шкендија 77 го изразува својот длабок револт и огорченост од скандалозното судење на натпреварот против Новаци, каде одлуките на судијата Фатмир Бафто директно влијаеја врз текот на играта и конечниот резултат. Она што се случи денес не може да се нарече човечка грешка – тоа беше чиста тенденциозност.
- 47 минута: Нашиот напаѓач излегува во чиста шанса за гол. Контактот е јасен, фаулот очигледен за сите – освен за судијата Бафто кој реши да ги „затвори очите“.
- 57 минута: Удар со лакт директно во главата на нашиот фудбалер. Наместо фаул и картон за домашниот играч, Бафто досудува фаул за Новаци и му покажува жолт картон на нашиот капитен. Апсурд без преседан.
- 28 минута: Удар со бокс, без топка, од само два метра од судијата. Според „критериумите“ на Бафто, веројатно нашиот напаѓач требаше да биде удрен уште посилно – можеби и прегазен – за да биде казнет домашниот играч.
- 45 минута: Удар без топка директно во ногата на нашиот играч, пред очите на линискиот судија. Дури и противничкиот играч го призна фаулот и се извини. Бафто го заврши полувремето без ниту усна опомена, оставајќи го нашиот фудбалер да лежи на тревникот без да повика лекарска помош.
Ова не е судење. Ова е деградација на фудбалот и отворен обид за влијание врз резултатот.
ФК Шкендија 77 бара од Судиската комисија да покрене итна дисциплинска постапка против судијата Фатмир Бафто, затоа што вакви натпревари не смеат да се повторат. Нашите фудбалери се бореа чесно – но никој не може да се бори против двојните аршини и неправдата.
Фудбалот заслужува правда. Шкендија нема да молчи.” – истакнаа од Шкендија Арачиново.