Насилството врз жените расте, кои се причините?

Насилството врз жени расте, а стравот сe помалку ги држи во молк.
Достоинството на жената во последните години се воздига – веќе не е робинка, ниту „домаќинка“ како порано, а сè се дели на пола, нема повеќе „женски“ и „машки“ работи.
Според анкетата, модерниот начин на живот од една страна носи слобода, но од друга страна и не; повозрасните велат – жената треба да биде почитувана, ама и таа да знае да почитува, а материјалноста и алчноста го прават своето.
Жените зборуваат, не молчат, не се скриваат во сенка, и нивниот глас сè повеќе се слуша јасно. А токму денес светот потсетува: насилството врз жените не смее да се трпи.

Повозрасните се децидни: за здрав брак треба многу љубов, почит, толеранција и грижа.
Велат дека порано живеело тешко, но имало многу почит, поддршка и работа заедно.

А токму денес, на 25 ноември, светот потсетува дека насилството врз жените не смее да се трпи.
Тоа не е само датум во календарот, туку повик за внимание, поддршка и акција.
Секој глас, секоја приказна, секоја реакција се важни за да се прекине кругот на насилство.

Иван Митев, М-Нет