Брегалница денес може да избие на врвот – „сините“ на Влатко Костов целат кон есенски шампиони!

Денес се играат натпреварите од 14. коло кое е претпоследно за оваа есенска полусезона во Втората лига, а на М Нет телевизија ќе го следите мечот меѓу Брегалница и Осогово, кој се игра на Градскиот стадион во Штип.

Брегалница веќе денес може да избие на врвот од табелата во Втората лига, а со тоа да го трасира патот кон тоа да стане есенски шампион.

„Сините“ на Влатко Костов ќе мора да забележа две победи на последните два меча, денес против Осогово и в сабота против Победа во Прилеп.

Дали денес Брегалница може да се врати на првото место?

Покрај победата на Брегалница над Осогово, за денес „сините“ да бидат први ќе треба Шкендија Арачиново да направи било каков „кикс“ против Новаци – пораз или реми.

Доколку Шкендија Арачиново денес забележи триумф над Новаци, тогаш ќе се решава во последното есенско коло.

Што ќе донесе последното есенско коло?

Брегалница тогаш ќе мора да победи во Прилеп против Победа, а Шкендија Арачиново одново да направи „кикс“ со Саса – реми или пораз.

Но, можност за есенски шампион има и Охрид, кој пак есенската полусезона ќе ја заврши на 3. декември со натпреварот против Големо Коњари кој е одложен од 12. коло.

Денес многу работи може да одлучат за трката кој да биде есенски шампион, натпреварите стартуваат во 13 часот.

Александар Ванев, М-Нет