
Под закуп ќе се даде и игралиштето во населбата Баби. Бидејќи изминатиот период истото е во лоша состојба и не се користи, советниците на Советот на Општина Штип, дадоа зелено светло истото да се даде под закуп. Согласно Законот за располагање и корустење на ствари во државна односно општинска сопственост месечо идниот закупец би требало да исплаќа околу 11 илјади денари на општината.,
„Игралиштето во населба Баби кое не се користи веќе подолг временски период и заради тоа се утврди потребата да се даде по закуп. Ова е во вкупен износ од 2 185 820 денари. Согласно Законот за располагање и користење на стварите во државна сопственост и општинска сопственост 0,5% одпроценетата вредност би изнесувала почетната цена за месечната закупнина или тој износ би бил 10 929 денари.“ – вели Шорова – Ангелова.
Од друга страна пак општината го обврзува идниот закупец на одредени работи кои треба да ги заврши околу самото игралиште. Станува збор за одржување, уредување и користење на самото игралиште.
„Го обрзуваме новиот закупец да изврши поставување на нова вештачка трева, голови со мрежа, да го огради целиот простор, да направи реконструкција на теренот и соблекувалните, да обезбеди паркинг простор за возилата и да се држи до хигиената и да го обезбедува просторот кој го даваме по закуп.“ – додава Шорова – Ангелова.
Освен игралиштето во населбата Баби во Штип, на последната седница на Советот на Општина Штип се донесе одлука под закуп да се даде и Дино паркот.
Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет