Расолницата е речиси стасана, граѓаните ја пијат наместо јогурт, почнува сезоната за сарма

Расолницата е речиси готова, бурето се отвора, чашите наздравуваат, традицијата оживува со полн мирис и вкус. Со тазе испечен зелник, баница или топол качамак, сè повеќе граѓани ја избираат наместо јогурт или кисело млеко. Рецептот е стар, но едноставен. Од зелката се вади кочанот, во неа се става едра сол, а по два дена се долева вода. За уште побогат, поинтензивен вкус се додава и црвена зелка, која и дава препознатлива боја и арома

Граѓаните велат дека веќе ќе почнат да прават и сарма од зелката во буре. Истакнаа дека покрај расонлицата и зелката е речиси стасана.

Расолот, односно сокот од кисела зелка, содржи големи количества витамини Б,Ц,Е,К и минерали како што се калиум, калциум, фосфор, сулфур, бакар, цинк и магнезиум. Расолницата е здравје, особено во зима. Го челичи имунитетот. Лековитоста се должи на тоа што се прави од зелка, која е кралица на зеленчуците поради нејзините нутритивни својства.

Иван Митев, М-Нет