
На прскани производи се жалат мнозинство анкетирани граѓаните на штипскиот пазар. Велат од надвор производите убави и црвен, а внатре скапано разочарување. Плаќаат по солидни цени за килограм, а половина производи фрлаат во канта. Според нив, проблемот не е кај сите продавачи, туку само кај одредени, кои како што велат сакаат заработка без никаква работа. Ваквите случаи ги загрижуваат граѓаните, кои побараа да се слушне нивниот глас. Додека пристигнуваат реакции од купувачите, ја отворивме анкетата за да се слушнат ставовите и на продавачите и на производителите.
Еден производител се огласи по реакциите на граѓаните за прскани производи. Тој тврди дека, според неговото искуство, голем дел од увезеното овошје и зеленчук често се третира за побрзо созревање и затоа истите се ниту сочни, ниту зрели.
,,Никој не може да докаже дека е прскано, се додека не се испита лабораториски, а инаку јас тврдам дека , според мое мислење дека доматите или френката увозната од Албанија, за да ја уведам 25 денара, и таа е исклучливо зелена брана и со прскање да узрее. Мислам дека се што е во 90 проценти увоз е прскано. Мојата френка кога ја пресечеш е полна вода, а нивната е ува барут. Нема шанса таа да биде квалитетна.“, рече земјоделец
Она што остава на крај заклучок е дека граѓаните од сега ќе купуваат со отворени очи од продавачи што навистина им веруваат.
Иван Митев, М-Нет