Сите во сала: Астибо игра дерби против Куманово – штипските ракометарки сакаат победа!

Пред ракометниот клуб Астибо е нов предзвик, нов натпревар и нова борба на терените за триумф – дерби против Куманово, меч и бодови кој даваат можност за прогрес на табелата.

Натпреварот од 9. коло на Суперлигата во женска конкуренција се игра во спортската сала „Тошо Арсов“ во Штип, а ракометарките на Астибо бараат силна поддршка од трибините со цел да имаат ветер во грб за овој за нив важен меч со кој може да прогресираат на табелата.

Дерби од средишниот дел на табелта на две екипи кои го делат петтото место на табелата со по пет бодови. Статистички двете екипи се идентични кои имаат учинок од две победи едно реми и пет пораз, а нападите исто ефикасни односно двете екипи дале по 186 погодоци, а Куманово има нешто подобра одбрана која примила 226 погодоци, во однос на таа на Астибо која примила 249 погодоци.

Триумфот е важен и за двете екипи за зацврстување во средината од табелата односно на петтото место и продолжува да се напаѓа четвртото место каде што е Вардар со осум бодови.

Марија Анчева е најдобар стрелец на Астибо, но воедно и во самиот шампионат со постигнати 84 погодоци на осум натпревари, а пак главен адут за погодоци на Куманово е Мариана Силва Азеведо, интернационалката од Португалија има 50 погодоци и таа е всушност е шестиот најдобар стрелец во лигата.

Токму поради важност на овој меч Астибо сака силна поддршка од трибините со цел да може да дојде до својата трета сезонска победа и заедно истата да ја прослави со верната публика.

Колото беше отворено вчера со победата на Чаир над Вардар, триумф до кој фаворитот стигна со резултат од 28:31. Мечот меѓу Ѓорче Петров и Пелистер се игра во недела, а пак натпреварот меѓу Металург Автокоманда кој ќе биде апсолутен фаворит против Спартак ќе се игра на 18 или 19 ноември.

Александар Ванев, М-Нет