Репрезентативната пауза направи слободен викенд и за македонските второлигаши!

Второлигашите овој викенд ќе одмараат поради репрезентативната пауза, но потоа ќе следуваат три натпревари во една недела за комплетирање на есенската полусезона.

Остануваат да се одиграат натпреварите од 13-тото, 14-тото и 15-тото коло за комплетирање на есенската полусезона, а потоа ќе следува зимска пауза и подготовки за пролетниот дел.

Претходно, второлигашите одиграат три натпревари во една недела, а финишот од есенскиот дел ќе донесе густ распоред за последните три натпревари.

За 21 ноември (петок) е закажано 13. коло, натпреварите од 14. коло ќе се играат на 25 ноември (вторник), а пак натпреварите од последното есенско коло или 15-тата рунда на програмата ќе биде на 29. ноември (сабота).

Александар Ванев, М-Нет