Македонија сака победа над Летонија како увертира пред клучниот меч со Велс во Кардиф!

ФОТО: М Нет телевизија

Пред македонската фудбалска репрезентација остануваат уште два натпревари за оваа година, еден на домашен терен против Летонија од пријателски карактер и против Велс во Кардиф од квалификациите за Светското првенство.

Во четврток против Летонија нашата репрезентација ќе има одлична можност за да ја провери формата пред важниот меч со Велс.

Репрезентативецот Александар Трајковски вели дека секој натпревар има своја важност без разлика дали се работи за контролен или квалификациски. Вели дека не треба да се потценува ниту еден противник, бидејќи секоја репрезентација има свои предоности и недостатоци, дополнително како што истакнува мечот со Летонија ќе биде одлична увертира пред клучниот натпревар со Велс, за кој максимално се подготвуваат и ќе го дадат најдоброто од себе со цел да се задржи второто место во групата, заклучува Трајковски.

Слично размислува и Тихомир Костадинов, кој вели дека без разлика што со Летонија се игра пријателски натпревар, сакаме победа, а контролниот меч ќе биде одлична проверка за тоа што ќе следува со Велс во Кардиф.

Костадинов вели дека без разлика што Велс гостува кај Лихтенштајн, додава дека Македонија е подготвена да се надигрува и да победи.

Натпреварот меѓу Македонија и Летонија ќе биде со отворени врати влезот ќе биде слободен за сите љубители на фудбалот и навивачи, бидејќи тој натпревар е последен на нашата репрезентација на домашен терен за 2025 година.

Александар Ванев, М-Нет