
Екипата на Кеги Моби од Велес останува максимална по три кола во Првата футсал лига, откако синоќа на гостувањето во Штип славеше со 2:5 над Мал Ајакс, повратникот во елитата го запиша третиот пораз од толку одиграни натпревари.
Првото полувреме понуди голема неизвесност, а беа постигнати пет погодоци за водство на велешкиот тим од 2:3 на полувреме. Ангел Гаштев го отвори резултатот во спортската сала „Коле Нехтенин“ по само две минути игра, а во 11. минута од средбата Димче Андов ја дуплираше предноста за гостионт од Велес.
Во една минута беа постигнати два гола, Иса Дурмишов намали на 1:2 во 14. минута, но веднаш со втор гол на Гаштев екипата на Кеги Моби зголеми на 1:3. Во финишот на првиот дел Теодор Наков погоди за 2:3 на полувреме.
Во вториот дел штипјани се обидуваа да дојде до гол за израмнување, но во 29. минута Петар Левков погоди за 2:4, а во 32. минута Стефан Димовски ги урна сите надежи на Мал Ајакс, откако ги постави конечните 2:5.
Во следнот около Мал Ајакс ќе игра против фаворитот Проект, а пак Кеги Моби ќе се соочи со Бутел.
Шампионот Форца со 4:9 славеше над Шкупи во гости, а пак Клими на домашен терен со 8:6 го доби тимот на Јувентус Серава. Проект на домашен терен убедливо го декласираше Партизан Југ со 15:2.
Колото ќе се комплетира утре со натпреварот во Крива Паланка меѓу Осогово и Бутел.
Александар Ванев, М-Нет