
Кашлица од која застанува здив – не е шега. Може да биде знак за нешто посериозно. Се почнува како обична настинка, а завршува со гушење и стегање во градите. Лекарите велат – не ја потценувајте, зад неа може да се крие сериозен проблем со белите дробови или грлото. Како да ја препознаете и кога е време за лекар – објаснува доктор Томица Наков од Итната медицинска во Штип.
,,Има два типа кашлица, едната е сува, другата продуктивна. Кај сувата кашлица често се среќва таа симтоматологија. Бидејќи едоста јака и нема никаков искашлок од неа, доаѓа до спаза на самите дишни патишта и доаѓа до тоа чувство да не може да се издиши, но тоа е сепак прегледување од око. Треба да се отиде на лекар, да се стави слушалка, бидејќи ако не се слушне што има во белите дробови дали има некој свирижи, или е чист белиот дроб не можеме да бидеме сигурни во таа работа. Кашлицата може да потекнува од заболување на белите дробови, а може и од надрзнување на ларексот. Еден вид на некој ларингит, кој што белите дробови не се зафатени, но па зафатен е лариксот однсоно горните делови од дишните патишта, кои што можат да ја предизвикат таа кашлица.“, рече Наков
Ако веќе четири дена граѓаните не можат да се ослободат од кашлицата – Наков вели не чекајте да помине сама. Може да се работи за бронхит или пневмонија, кои ако не се фатат навреме, знаат да направат проблем.
Лекарите и понатаму апелираат, да не се потценува кашлицата што трае со денови. Навремената посета на лекар може да спречи посериозни компликации.
Иван Митев, М-Нет