
До крајот на годината е законски предвиденот рок за исплата на регрес за годишен одмор. Но, не е проблем рокот на исплата туку сумата која ја добиваат работниците на нивните сметки. Претходните години се исплаќаше К-15 и по 100 и 500 денари, бидејќи фирмата работела со загуби. Овде проблемот е во договорот велат од Гласен текстилец, и на таков начин се исплаќаат помали суми на к-15.
„Во однос на К-15 мора да повторам, рокот за исплата е до крајот на годината. За жал во колективниот договор за приватен сектор стои дека доколку фирмата се соочила со потешкотии исплатата може да биде многу помала“ – вели Ампева.
Оваа година се очекува најмногу исплати на К-15 во износ од 100 до 500 денари вели Ампева. Ова следува бидејќи голем дел од компаниите работеа во загуба изминатиот период. Затоа апелира до работниците да не потишуваат спогодбени решенија, но апелот е и да се промени овој член од Законот.
„Оваа година очекувам, односно мислам дека ќе имаме сериозен проблем со исплата на К-15 или ќе имаме најмногу исплати по 100 денари К-1“ додава Ампева.
Висината на к-15 е најмалку 40% од основицата, односно од просечната месечна нето плата во државата.
Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет