
Одбојкарките на штипски Младост УГД забележаа тешка, но голема победа во Битола каде ја совладаа екипата на Пелистер Волеј со резултат од 2:3 во сетови.
Натпреварот од четвртото коло меѓу овие две екипи од Првата лига донесе голема неизвеност и борба на теренот за секоја топка и за секој поен, а мечот имаше хуманитарен карактер во чест на прерано починатата спортска битолска легенда Зоран Петковски, а натпреварот се одигра пред околу 1.500 гледачи.
Пелистер Волеј го отвори мечот со освоен сет со резултат од 25:22, но веднаш врати штипскиот тим со ист резултат односно 22:25 за 1-1 во сетови. Третиот сет мина во знакот на доминацијата на штипските одбојкарки кои го добијат третиот сет за 1-2 со резултат од 13:25.
Но, домашниот тим во претполната битолска сала „Боро Чурлевски“ не се предаваше и израми на 2-2 во сетови, откако во четвртиот сет славеше со 25:20.
Во решавачкиот петти сет, тимот на Младост УГД од Штип беше подобар со 12:15 за конечни 2-3 и голема радост кај одбојарките за овој тежок натпревар кој имаше среќен крај за Младост УГД.
Во однос на останатите натпревари тимот на Газели Волеј на домашен терен славеше со 3-1 во сетови против Струмица Жени, додека пак Вардар ЕМ на домашен терен беше поразен од Работнички Скопје со убедливи 0-3 во сетови.
Колото се комплетира со два натпревари, а во кои Јанта Волеј се среќава со Фит Фан Волеј, а пак Наковски Волеј ќе биде домаќин на Ускана.
Александар Ванев, М-Нет