
По повод 8 Номеври денот на ослободувањето на град Штип ќе се доделат 18 осмономвриски признанија. Носители на признанијата Осми Ноември се граѓани, институции, здруженија и граѓански организации кои изминатата година, но и годините претходно придонеле за развој и афирмација на градот.
„Носител на признание Осми Ноември е КБ Штип за исклучителен професионален однос и ангажман во хоспитализирањето на повредените од пожарот во Кочани, Фондација за развој на локалната заедница, Астибо биг бенд, извиднички одред Еквинокс, Градски камерен хор Астибо Шти, Ферус Мустафов, Игор Киров, Димо Узунов, Марија Минчева Андонов, Петре Мијалков, Пане Кукушев, Раде Рогожаров, Жикица Ивановски, Душица Берслиева, Благој Џорџев, Марио Ванчевски, Андреј Гиччев и Дание Христов“ – вели Панајотов.
На 8 Номеври се одбележува 81 година од ослободувањето на градот. По тој повод на 7 ноември во петок на свечена седница ќе бидат доделени осмоноемвриските признанија, а ќе се одржи ноќната трка.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет