Маж од штипско село физички ја нападнал вонбрачната партнерка од Кочани

На 01.11.2025 во 18:35 часот во ОВР Кочани, жена од Кочани пријавила дека на 31.10.2025 околу 21:30  часот во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер Г.Н.(47) од штипско село. Полициски службеници извршиле службен разговор со него и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.