Приведен навивачот на Победа Прилеп кој се обиде да влезе во соблекувалната на Шкендија Арачиново

На 01.11.2025  во 15:30 часот на градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Ф.З.(33) од Прилеп затоа што го нарушил јавниот ред и мир со оштетување и уништување инвентар и други делови од спортскиот објект. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.