
Во седум часот утринава започна гласањето во КПУ Затвор Штип. Право на глас имаат 104 затвореници од 23 општини во кои има втор круг избори за градоначалник како и за градот Скопје. Поголема излезност се очекува во текот на денот, кога осудените лица можат да го остварат своето демократско право на глас.
„Се наоѓаме на избирачко место КПУ Затвор Штип. Нашето избирачко место беше отворено точно во седум часот, имаме запишано вкупно 104 избирачи. Се гласа за општините каде не е избрано градоначалник во првиот круг и градот Скопје.“ – вели Парчаклиева.
Не се пријавени никакви проблеми и гласањето се одвива непречено.
Осмите по ред Локални избори од независноста на државата ги следат 1 598 меѓународни и странски набљудувачи, од кои 933 странски и 651 меѓународен. Во првиот круг од локалните избори беа избрани советници во 79 општини и Градот Скопје, а беа избрани градоначалници во 44 опшштини, кои веќе ги добија решенијата и ги преземаа новите функции.
Лаура стојанова Ќирчов, М-Нет