
Се асфалтираше и последната улица, од ветените осум во Општина Карбинци, денес во селото Горни Балван. Со ова, општината го заокружува проектот за подобрување на локалната патна инфраструктура во пет населени места. Градоначалникот Виктор Паунов истакна дека целосното финансирање е обезбедено од буџетот на општината и дека ваквите активности ќе продолжат и понатаму.
,,Продолжуваат активностите за асфалтирање на улици во Општина Карбинци. Денес ја завршуваме и онаа започната улица во селото Горни Балван. Ова значи еден голем продолжеток на сите активности, кои што досега ги имавме како општина. Ова е целосно финансирање на Општина Карбинци. Продолжуваме со проектите кои што се од всуштинско значење во делот пред се на патната инфраструктура. Денес овој слој на асфалт ќе значи заокруќување на целината која што беше започната, а тоа се вкупно осум локални улици во пет население места во Општина Карбинци. Денес го завршуваме со асфалтирање токму на оваа улица. Вкупната сума која што ја издвои општината е четири милиони денари за овие вкупно осум улици во вие пет население места, а нашата тенденција и понатаму ќе остане подобрување на условите пред се во делот на патната инфраструктура, но и во ситео ние други сегменти кои што со оглед на нашта нова програма ќе продолжат да се реализирааат и понатаму.“, рече Паунов
Со ова, Општина Карбинци го заокружува проектот за асфалтирање на осум улици во пет населени места. Локалната самоуправа најавува дека со вакво темпо ќе продолжи и во наредниот период, со фокус на подобрување на патната инфраструктура. Новите улици значат подобра поврзаност, побезбеден сообраќај и полесен пристап за жителите на овие рурални средини. Граѓаните велат дека ваквите инвестиции се од големо значење за секојдневието, а од општината уверуваат , ветеното се исполнува, чекор по чекор.
Иван Митев, М-Нет