
Штипјани со големо „НЕ“ за ноќта на вештерките. Велат, тоа се туѓи, па дури и „сатански“ обичаи што немаат место во православен град. Наместо маски и тикви – свеќи и молитви, затоа што денес се слави Светиот апостол Лука. Во анкетата што ја спроведовме, повеќето граѓани порачаа: „Имаме свои празници, да ги почитуваме“ Од градот под Исарот стигнува порака – верата пред вештерките, традицијата пред трендовите.
Но и од црквата со јасна порака ,, Хеловин нема место во православието” . Протојерејот Добрица Јанев предупредува, дека зад маските и шминката се крие оддалечување од верата и традицијата.
,,Ноќ на вештерките не е наш празник, дури да кажеме и пагански од словенските народи. Тоа е некое донесено помодарство од запаад и што е сосема крајно спротивно на православието. Погледнете што прават нашите, јас морам да реагирам и ние како свештеници децата ги преобратуваат во вештерки, ги шминкаат како демони, ѓаволи. Зарем ние треба да ги славиме вештерките и демоните. Ние треба да го славиме отецот, синот и светиот дух. Еве и денес е Св апостол Лука, зошто не се собравме по масовно во црквата?“, рече Јанев
И додека едни ја гледаат ноќта на вештерките како забава, а други како закана за верата, едно е сигурно, традицијата и идентитетот остануваат тема за размислување. Штипјани вечерва избраа вера пред маски, и Свети Лука пред Хеловин.
Иван Митев, М-Нет