Кошаркарско дерби во Свети Николе: Овче Поле домаќин на Соколи од Штип

Третото коло на Првата кошаркарска лига го носи дербито во Свети Николе, каде копјата ќе ги вкрстат домаќинот Овче Поле и гостинот Соколи од Штип.

Нов предизвик за двете екипи кои имаат една цел – а тоа е триумфот.

Натпреварот ќе се игра во спортската сала „Цар Самоил“ во Свети Николе со почеток од 19 часот.

Од штипскит кошаркарски клуб ја бараат поддршката од верните навивачи, сите кои се во можност да бидат на трибините, бидејќи ќе им биде многу значајна поддршката за да „соколите“ го освојат целиот „плен“ во Свети Николе.

Кошаркарите на Соколи имаат одлично отварање на новата сезона со две победи против Борец Баскет и против Спортисимо, додека пак Овче Поле има триумф над Спортисимо и тесен пораз од три поени од екипата на Бутел.

Мијалковски, Видиков и Петровски ќе бидат судиска тројка, а делегат ќе биде Панајотовиќ на дербито во Свети Николе меѓу Овче Поле и Соколи.

Александар Ванев, М-Нет