
Одрони повторно го зафатија истокот, патниот правец село Истибања – Македонска Каменица, најкритично. Поради интензивните врнежи од дожд кои траеја цела ноќ, на повеќе делници се појавија нови, помали одрони. Екипите на „Македонија пат“ се на терен и постојано ги расчистуваат одроните за да не дојде до застои во сообраќајот. Иако сообраќајот се одвива без поголеми проблеми, возачите се предупредуваат да бидат внимателни и да ја почитуваат поставената сигнализација. Надлежните апелираат на претпазливост, особено на планинските и влажни делови од патиштата, каде што постои ризик од нови одрони.
,,Со оглед на врнежите од дожд во текот на целата ноќ и утринските часови, имаме појава на поинтензивни, но поситни одрони, кој редовно се чистат. Екипи имаме на сите патни правци, немаме ограничување, нема застои, меѓутоа возачите ќе мора да ја почитуваат поставена сообраќајна сигнализација и условите на патот за возењето во моментот на движењето по сообраќајници.“, рече Цоневски
Покрај на овој патен правец, одрони има и на патните правци Македонска Каменица-Делчево, Делчево- Берово,како и патните правци Берово Струмица и Виница Берово.
,,За стандардниите најкритично од село Истивања, до Македонска Каменица. Потоа имаме до Делчево, Делчево – Берово, па потоа Струмица и Виница Берово, тие се патни правци, малте не целиот исток ни е со одрони.“, додава Цоневски
Иако екипите на Македонија пат се на терен и реагираат навреме, опасноста од нови одрони и понатаму е присутна. Врнежите не стивнуваат, а натопеното тло на повеќе места ја губи стабилноста, особено на планинските патишта. Одрони се појавуваат ненадејно, па затоа возачите се предупредуваат да внимаваат на овие делови со предупредувачка сигнализација. Надлежните апелираат на зголемена претпазливост и почитување на сообраќајните правила, бидејќи една мала невнимателност може да заврши со несреќа. Истокот велат и понатаму останува под посебен надзор, се додека дождот не престане и патиштата целосно не се стабилизираат.
Иван Митев, М-Нет