
Ракометарите на Текстилец играат во одлична форма во Првата лига, победничката форма продолжува откако штипјани го добија дербито со Овче Поле од Свети Николе, со тесен резултат од 33:32 во рамки на 7. коло.
Натпревар во кој имаше максимална неизвесност се играше гол за гол, во обид на двете екипи резултатски да се одлепат. Гостинот од Свети Николе дојде до предност од три гола при 5:8, а потоа штипјани го свртеа резултатот и имаа предност од плус два при 13:11. Во вториот дел продолжува борбата за секоја топка и за секој гол. Во 53. минута од натпреварот во Штип резултатот беое 28:28, а потоа Филип Џинес постигна гол за 29:28. Овче Поле резултатски израмнување, а клучно беше во 58. минута кога Текстилец одлепи на плус два при 32:30, а драмата стигна на 30-тина секунди до крајот кога Иван Димчевски погоди за 32:32.
Во последните секунди од мечот Филип Џинес постигна гол вредна минимална, но голема победа од 33:32.
Јован Атанасовски беше најдобар стрелец кај Текстилец со девет гола, а го следеше Филип Џинес со осум погодоци, кај Овче Поле најмногу погодоци постигна Иван Димчевски, но неговите десет реализации не беа доволни за победа.
Во следното коло екипата на Текстилец од Штип ќе гостува кај екипата на Кичево, а каде штипјани ќе ја имаат улогата на фаворит за нова победа, а со тоа и продолжува на одличните резултати.
Вардар Неготино без проблем го декласираше Шампион на гостински терен, а фаворитот беше убедлив со 19:45. Дербито на колото се играше во Богданци, каде Младост со 31:30 славеше над Мулти Есенс, па така тимот од Богданци е на врвот од табелата како единствен тим кој нема пораз.
Јехона беше убедива против Кичево со 35:24, додека пак Драчево Јуниор им се врати на победите славејќи над Македонија Ѓорче Петров со 29:20.
Александар Ванев, М-Нет