Јорданов со втор мандат во Штип, граѓаните очекуваат уште повеќе

Со освоен втор мандат, Иван Јорданов останува на чело на Општина Штип, а граѓаните, според анкетите, со големи очекувања и поддршка ја дочекуваат неговата следна фаза од работењето. Тие велат, ако досега се гледаше разлика, сега очекуваат уште поголем напредок, особено во делот на инвестициите, инфраструктурата и грижата за секојдневниот живот. Со поддршка и позитивни реакции, тие му дадоа втор мандат на Иван Јорданов, за уште поголеми промени во градот.

Со освоен втор мандат, Иван Јорданов доби не само доверба, туку и обврска – да продолжи таму каде што почна, но со уште посилно темпо. Граѓаните го наградија со поддршка, очекувајќи конкретни резултати, повеќе инвестиции, подобра инфраструктура и уште посилен фокус на секојдневните проблеми.

Иван Митев, М-Нет