
Излезеноста до девет часот утрово изнесува три проценти во Штип, информираат од ОИК во Штип. Од таму велат дека збирачките места во Штип беа отворени навреме и без никакви проблеми. Виктор Вацев претседателот на ОИК Штип, рече дека излезеноста во согласност со очекувањата за почетокот на изборниот ден. Истакнува дека процесот тече мирно и организирано
Доколку избирачките одбори забележат некакви нерегуларности во самите избирачки места, треба да повикат полиција, која што е присутна на секое избирачко место, потенцираше Вацев.
Инаку и претседателот на ОИК во Штип, Виктор Вацев повика граѓаните да го искористат своето право на глас на слободни, фер и демократски избори.
Иван Митев, М-Нет