Точно во седум часот почна гласањето во Штип, процесот се одвива мирно без проблеми

Точно во 7 часот утрово, Штип ги отвори своите избирачки места. Гласањето започна навреме и без никакви забележани проблеми. Од избирачките места во централното градско подрачје, информираат дека процесот се одвива мирно, со почитување на процедурите. Граѓаните пристигнуваат организирано, а првите избирачи своето право на глас го остварија уште во првите минути по отворањето.

Од избирачките одбори велат дека досегашниот тек е мирен и организиран, а апелираат до граѓаните во текот на денот да излезат и да го искористат своето право на глас.

Гласањето ќе трае до 19 часот, по што избирачките места ќе бидат затворени, а процесот ќе продолжи со броење на гласовите.

Иван Митев, М-Нет