
Незаборавен џем сешн во чест на Александар Коларов, Цеата се одржа вчеравечер во Домот на млади во Штип. Настанот собра бројни музичари, пријатели и љубители на добрата музика, кои со звук и емоции му оддадоа почит на еден од најзначајните фигури на штипската сцена. Вечерта беше исполнета со настапи полни со енергија, импровизации и искрена љубов кон музиката. Колегите на Цеата упатија трогателни говори, потсетувајќи на неговото влијание и човечност. Настанот, со бесплатен влез, стана вистински симбол на заедништво и спомен што ќе живее долго.
,,Можам да кажам дека тој беше пример како треба да изгледа еден добар човек. Некој кој што ги става другите пред себе си и беше професионален во својата работа и секогаш ќе го пометам по тоа што е примерот како треба да изгледа еден добар човек. Ќе кажам само дека многу ни недостасува и ќе го паметеме само по добро.“; велат музичарите
Некој од колегите споедлија и смешни моменти со Коларов, со носталгија навраќајќи се им течеа солзи по лицата.
На крајот на оваа вечера на музика и почит, сите се сложија, Aлександар не беше само музичар, тој беше дел од душата на Штип. Во трагичната ноќ во Кочани, кога го загубивме неговиот живот и каде загинаа многу млади луѓе, згасна една светла ѕвезда, но неговата светлина продолжува да блеска. Штипјани ќе го паметат и понатаму, не само заради песните што ги остави зад себе, туку и за духот, енергијата и инспирацијата што ги посеа помеѓу нас.
Иван Митев, М-Нет