
Третото коло од кошаркарската Суперлига ќе се одигра во неколку денови, односно на 21 октомври со три натпревари, на 22 октомври еден меч и на 24 октомври два меча.
Во вторник Кожув и Гостивар ќе се соочат во меѓусебен дуел каде двете екипи ќе ја бараат својата втора сезонска радост. Кожув ќе биде во блага предност поради домашниот терен.
Работнички има многу лош старт во новата сезона откако истата ја отвори со два порази, па веќе во рамки на 3. коло против Тиквеш ќе мора да изнајде начин за прво славје на домашен терен.
ТФТ Скопје игра во одлична форма, а тоа го потврди и во АБА 2 лигата славејќи над Раднички во Крагујевац, а сега тимот од Тафталиџе ќе се соочи со Чаир кој по две одиграни кола има два порази и ќе бара прв позитивен резултат.
Во среда тимот на Феникс ќе го пречека Куманово во дуел каде домаќинот ќе бара втор триумф, а пак Куманово оди на гостување каде ќе бара три од три.
На 24 октомври (петок) шампионот МЗТ Скопје ќе гостува кај Ангели како голем фаворит, додека пак дебитантот Маџари ќе има тешка задача против фаворитот Пелистер од Битола кој игра во одлична форма на стартот од новата сезона и ќе оди за три од три, а Маџари ќе бара прва историска победа.
Александар Ванев, М-Нет