Како ќе изгледа новата сезона во Втората футсал лига? Овче Поле, Кратово, Железарец…

Во новата сезона 2025/2026 на Втората футсал лига ќе се натпреваруваат 11 екипи. Познат е изгледа на Втората футсал лига, а во истата ќе се натпреваруваат Овче Поле од Свети Николе, екипата на Кратово, Конзули, Каршиака, Партизан Југ, Карадаку, СЕЕ Универзитет, ССК Скопје, екипите кои лани испаднаа од Прва лига тоа се Железарец и Црна Река, како и новајлијата Фудбал Старс од Кочани.

Во однос на ланската сезона нема да се натпреварува Кораб од Дебар, Победа од Прилеп, како и екипата на Енхалон од Струга, а минатата сезона се натпреваруваа 13 екипи.

Футсалот се враќа во Кочани, па со тоа овој град ќе биде застапен на футсал картата на Македонија преку новиот клуб Фудбал Старс.

Во секое коло ќе има по една слободна екипа, бидејќи се натпреваруваат непарен број на екипи.

Според ждребот во првото коло Овче Поле во Свети Николе ќе го пречека тимот на Конзули од Битола, ланскиот прволигаш Црна Река во Кавадарци ќе го пречека Каршиака, а пак во Тетово ќе се соочат СЕЕ Универзитет со Кратово. Ланскиот прволигаш Железарец ќе биде домаќин на Фудбал Старс од Кочани, а пак Партизан Југ во Брвеница ќе игра со Карадаку.

Во рамки на првото коло слободна ќе биде екипата на ССК Скопје.

Александар Ванев, М-Нет