Продолжи судењето во Штип за родителот кој нападна фудбалери на ФК Брегалница

Денес во основниот суд во Штип продолжува судењето за родителoт кој нападна двајца фудбалери на ФК Брегалница, на натпреварот со Шкупи, кој се играше на стадионот Бело Брдо во Штип, во меч од првото коло на помладата пионерска суперлига на Македонија.

На денешното рочиште беа сослушани сведоци од страна на одбраната, а за понеделник се закажани завршни зборови за овој случај.

Инаку, натпреварот се одигра на 24 август, на стадионот Бело Брдо во Штип, кога родител на фудбалер на ФК Шкупи нападна двајца фудбалери на ФК Брегалница, а кои фудбалери се здобија со повреди констатирани во Клиничката болница во Штип, а натпреварот заврши со триумф за Брегалница од 2:1.

Александар Ванев, М-Нет