
Викендот ќе се одигра втората рунда од кошаркарката Суперлига на Македонија, а која рунда се отвара веќе денес со натпреварот меѓу Пелистер и Чаир, натпревар кој се игра во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.
Домашниот тим кој имаше фантастично отварање на сезоната ќе биде фаворит против гостинот од Скопје.
Во сабота скопско дерби ќе играат ТФТ Скопје и екипата на Работнички, која во првото коло доживеа тежок пораз на домашен терен од Пелистер, а пак ТФТ Скопје со триумф ја започна сезоната.
Ангели и Гостивар во меѓусебен дуел ќе го бараат првото сезонско славје, две екипи кои во првото коло забележаа порази. Дебитантот Маџари ќе гостува кај Куманово во обид за историска прва победа во кошаркарската елита на Македонија, а пак Куманово ќе биде фаворит.
Тиквеш на домашен терен ќе бара два од два за одличен старт на сезоната против Кофув, кој пак во првото коло дома доживеа пораз, па со тоа тимот од Гевгелија ќе атакува на прво славје.
Втората рунда се затвара во недела со натпреварот меѓу шампионот МЗТ Скопје и повратникот Ангели, во натпревар каде бранителот на титулата ќе биде голем фаворит за второ славје.
Александар Ванев, М-Нет