
Македонија се подготвува за тешкото гостување во Гент кај Белгија, во рамки на 6. коло од квалификациите за Светското првенство.
Напаѓачот на Македонија, Бојан Миовски, вели дека Белгија има квалитет, повеќето нивни играчи настапуваат во најсилните лиги, но вели дека Македонија игра како тим и тоа веќе е докажано на теренот.
Миовски очекува силна поддршка од македонската „фаланга“ во Гент.
Натпреварот меѓу Беглија и Македонија се игра во петок од 20:45 часот.
Александар Ванев, М-Нет