
Судијата Крумислав Ѓоргиев од Штип ја доби довербата да биде дел од тимот судии кој ќе ја дели правдата на натпреварот меѓу репрезентациите на Чешка и Азербејџан до 21 година.
Довербата Ѓоргиев да биде дел од овој судиски тим, составен од македонски судии, претставува потврда за квалитетите на штипскиот арбитар, кој на овој меч ќе биде четврти судија.
Главен судија на натпреварот ќе биде Јован Качевски од Струга, прв помошник ќе биде Даниел Василевски, а втор помошник Александар Ѓорѓиески.
Натпреварот меѓу Чешка и Азербејџан е квалификациски меч за пласман на Европското првенство до 21 година, што ќе се одржи во 2027 година, а кој натпревар се игра веќе овој петок.
Ова е уште една потврда дека македонските судии уживаат голема репутација во рамките на УЕФА.
Натпреварот е особено важен за Чешка, која има две победи од два меча и со шест бодови го дели првото место со Португалија, додека Азербејџан е четврти со еден бод, откако ремизираше со Бугарија, а загуби од Португалија.
Александар Ванев, М-Нет