
Втор ден текстилијада во Штип. На деветата по ред интернационална текстилијада акцентот ставен на работничките права, покачување на минималната плата на работниците и како да се задржат работните места. Дополнително тема беше и положбата на жените во ова општество и на работните места.
„Зборуваме за тоа колку синдикатите се моќни, колку се автономни, колку се независни бидејќи гледаме едно раслојување на синдикатите.“ – вели Ампева.
Текстилната индустрија се наоѓа во опасност, а со тоа и задржувањето на работните места. Како да се спречи оваа појава е заложбата и на ССМ.
„Мислам дека тоа треба да биде во фокусот на денешниот ден. Но сметаме дека покрај правата на синдикалното организирање, формирање на синдикатите и нивното функционирање поважно е да зборуваме за работничките плати, губењето на работните места и опасноста во која се наоѓаат имајќи во предвид дека текстилната индустрија е во опасност.“ – вели Трендафилов.
Дополнително се одржаа конференции, престава во Народниот театар Штип, а во текот на вчерашниот ден и изложба, литературен конкурс и слично.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет