
Бркалки за правење ајвар, рачно изработени и достапни по цена од 250 денари, се продаваат на тезгата на 74 годишниот Павле Алексов на пазарот во Штип, мајстор со повеќе од 40 години искуство. За него, кој веќе четири децении ја одржува оваа традиција, секоја бркалка е многу повеќе од алатка – тоа е мал уметнички предмет кој помага на секоја домаќинка да го постигне идеалниот вкус на вкусниот ајвар. Нема голема заработка, но како што вели има за живеачка.
,,Од бука се изработуват, 250 денари, за правење ајвар, пинџури. Процесот не е лесен, се е рачна изработка. Исцепам го дрвото, потоа нацртам како треба да изгледа и го делкам.
Алексов овој занает го научил од своите предци, во село во време кога сите рачно извршувале секаква дејност. Тој вели дека за добра бркалка треба добро и квбалитетно дрво, а потоа сушење, по кое следува процеот на изработка.
Инаку, ваквиот занает во Штип по полека но сигурно исчезнува. Павле Алексов е еден од малкумината во градот кој се уште изработува бркалки, но како што дополнително информираше, по него нема кој да го наследи, а занаетот е речиси на праг пред изумирање.
Иван Митев, М-Нет