
Врнежите од дожд добредојдени за земјоделците, значат бериќет и се надеваат на подобра година. Тоа значи дека за десетина дена ќе започне и новата сеидба на јачменот и пченицата со што се надеваат дека оваа година ќе имаат подобар квалитет и поголем род.
„Овие дождови се добредојдени, бериќет што се вели. Има низ цела држава, а во штипско има околу 60 литри има дожд. Што значи дека за неколку дена и тие ниви што не се изорани ќе се изораат и ќе почне за 15 дена со сеидбата“ – вели Сарафимов.
Дополнителна надеж влева новата средба на земјоделците со министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, каде се дефинирани новитети околу субвенционирањето. Серафимов вели дека цената е делумно задоволителна за земјоделците, но се надева дека со овие измени ќе има поголеми површини засеани со пченица и јачмен.
„Имавме состанок во министерството, донесени се некои измени околу субвенционирањето. Семенската досега беше 150 денари за килограм од оваа година ќе биде 200 денари.“ – вели Сарафимов.
Јачменот изминатиот период се продаваше по цена од 9 до 10 денари за килограм што беше далеку од исплатливо за земјоделците.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет