Кочани на тешко гостување во Струмица, Каменица Саса против Топ Гол во Битола

ФОТО: Александар Ванев, М-Нет

Екипата на Кочани ја очекува тешко гостување во Струмица, каде во рамки на 8. коло на Првата женска фудбалска лига ќе се соочи со Тиверија Брера.

Повеќе од јасно е дека домашниот тим е апсолутен фаворит за трите бодови и сосема сигурно очекуваме истите да останат во Струмица, а пак Кочани ќе оди по изненадување против фаворитот.

Каменица Саса ќе патува во Битола каде како фаворит ќе се соочи со домаќинот Топ Гол. „Рударките“ сакаат петти сезонски триумф, а пак домаќинот ќе бара три бодови со цел да одлепи од опасната зона, бидејќи се наоѓа во долниот дел од табелата.

Дербито на колото ќе се одигра во Пржино каде ќе се соочат Скопје и Истатов, дуел на две одлични екипи кои имаат одличен старт во новата сезона, а трите бодови цел цел и на едните и на другите.

Дерби од дното за опстанок ќе играат Речица и Вардар, во директно соочување на два конкуренти во тешката трка за опстанок. Со три бодови и двете екипи може на момент да се одлепат од долниот дел, па токму затоа и целат кон освојување на истите.

Во Тетово шампионот Љуботен ќе се соочи со Ас Јунајтед, каде домашниот тим е фаворит за освојување на трите бодови, а пак гостинот од Струга ќе сака да направи изненадување и на тој начин да го запре шампионот кој игра во перфектна форма.

Александар Ванев, М-Нет