
Инфраструктурни проекти, објекти кои се од големо значење за Општина Карбинци и за секој граѓанин – кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Виктор Паунов, ја презентираше својата предизборна кампања. Како што истакна ќе се продолжи со работа, со реализиирање на проекти, и подобрување на местото за живеење.
„Обезбедување на 150 плацеви за една нова населба помеѓу населените места Карбинци и Таринци која ќе го добие името „Вршник“. Нова спортска сала со која ќе обезбедиме можност за спортување, услови за спортските клубови кои ги формиравме во Општина Карбинци. Велосипедска патека од село Таринци до Карбинци во должина од 1,8 километри, патека која е важна и за безбедноста, но и за рекреативците во овој дел од општината.“ – вели Паунов.
Паунов вети проекти, развој на општината, посета на секој граѓанин во наредниот период, со цел заеднички да се придонесе за помодерна Општина Карбинци.
Паунов истакна дека се работело претходните четири години, а со иста динамика се предвидува работа и во иднина.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет