Mицкоски: По локалните избори следува смена на дел обвинители и судии, нема да има ронење солзи

По локалните избори следува смена на дел обвинители и судии, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Во своето обраќање од Општина Карбинци, тој изјави дека тековната состојба во правосудството ја доведува правдата во Македонија на колена, што ја поткопува довербата на граѓаните во институциите. Дециден останува дека правдата доага.

,,Имаме корумпирани обвинители и судии, за волја на вистината мал дел од нив, но доволно за да нема правда, довболно за да граѓаните изгубат доверба во обвинителството и судството и да дадат доверба два проценти. Тогаш Венко Филипче и раководството на СДСМ излезе и почна да ги брани, дека ние сме сакале да менуваме обвинители и судии за да имало политички реваншизам, па потоа ќе каже еве што не апси ВМРО ДПМНЕ, доколку навистина имало корупција и криминал кога тие биле влада седум години. Затоа псоле овие локални избори следи смена на тие аргати од обвинители и судии. Поставување на вистински обвинители и судии, па пoтоа да нема ронење солзи, да нема лелкање, леле ова било политички реваншизам, тогаш правдата ќе владее.“, рече Мицкоски

Вистинското прашање е зошто дел обвинителите и судиите ги држат во фиока овие случаи, додаде Мицкоски. Според него тие се браникот за да не може да завладее правдата во Македонија.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ и понатаму останува дециден откако ќе се постават вистински и чесни обвинители и судии, правдата ќе завладее во државата и ќе ја зеде судбината во свој раце.

Иван Митев, М-Нет