ФК Слога од радовишко Злеово ќе настапи во ОФЛ Струмица

Фудбалскиот клуб Слога од радовишкото село Радовиш ќе настапи во новата сезона од Општинската фудбалска лига во Струмица, која по неколку години одново се реактивира.

Во ОФЛ Струмица ќе настапат осум екипи, а од нив ФК Слога е единствената која од општина Радовиш ќе земе учество.

Овој спортски колектив со години вложува труд и љубов кон фудбалот, а овој клуб е примир за поттикнување на младите да се занимаваат со спорт и да го продолжуват спортскиот дух.

Претседател на клубот е Марјан Рујков, тренер на екипата е Трајче Чамов, а пак во управата на клубот се и Ангел Филипов и Мите Стоименов.

По долги години се враќа фудбалот во радовишкото село Злеово, а клубот се организира и максимално подготвен да влезе во новата сезона од ОФЛ Струмица.

Александар Ванев, М-Нет