Шкендија поразена на дебито во Конференциската лига на УЕФА во Шпанија од Рајо

ФОТО: ФК Шкендија

Македонскиот шампион Шкендија забележа пораз на дебито во Конференциската лига на УЕФА, откако загуби со 2:0 на гостувањето во Мадрид од Рајо Валејкано.

Натпреварот беше решен во првиот дел, а во вториот дел за шпанскиот прволигаш беше само рутина до триумф на старотот од новата сезона во Конференциската лига на УЕФА.

Во 28. минута од мечот Унаи Лопез го отвори резултатот за водство на шпанците, а во 32. минута голманот на Шкендија, Бубакар Гаје капитулираше по вторпат откако Фран Перез постигна гол за конечни 2:0.

Во вториот дел шпанскиот тим ја контролираше играта и резултатот, па тимот од Тетово не успеа да се наметне со цел да направи иницијатива за да го загрози водството на Рајо.

За Шкендија која е предводен од стратегот Јетон Беќири овој наспат ќе биде запишан во историјата на клубот како прв наспат во групна фаза од едно елитно европско натпреварување, а во следното коло во Скопје, Шкендија ќе игра против Шелбурн од Ирска.

Александар Ванев, М-Нет