
Сеопфатна програма со проекти за сите граѓани, нуди кандидатот за градоначалник на Општина Зрновци од редовите на ВМРО ДПМНЕ. Општина ќе добие модерна патна инфраструктура поделена во три сегменти, изградба и реконструкција на регионални патни правци, изградба и реконструкција на Локални патни правци како и локални улици.
„Во делот на регионални патни правци предвидуваме изградба и реконструкција на регионален патен правец Општина Зрновци – Општина Кочани и Општина Зрновци – Општина Виница. Во делот на Локалните патни правци можам да го издвојам Вински пат, а предвидуваме разработка на урбанистички блокови во трите населени места.“ – вели Коцев.
Програмата е збогатена со проекти во кои се опфатени младите и спортот. Истата е поразлична од претходно бидејќи во неа се предвидени топ пет проекти со што Зрновци прерасне во економски моќна општина.
Коцев посочи дека се работело претходните четири години, а со иста динамика се предвидува да продолжи работата и во иднина.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет