
Брегалница ја продолжува победничката серија во Втората лига, откако во меч од 6. коло славеше со 2:0 над Преспа, натпревар кој го следевте во живо на М Нет телевизија, а понуди доста шанси на мечот. Штипските „сини“ се во победничката серија од пет победни во низа и го држав врвот на табелата.
Беласица, исто така е во победничка серија откако со минимални 0:1 славеше над Тетекс во гости со што и струмичани ја имаат истата победничка форма како и штипјани, па двете екипи го делат врвот со по 16 бодови.
Тренерот на Беласица, Александар Стојанов, вели дека е задоволен од пристапот и самата игра на неговите фудбалери.
Нов дебакл на домашен терен доживеа Вардар Неготино откако беше декласиран од Охрид со резултат од 1:5 во меч каде охридскиот тим прикажа тотална доминација на теренот и лесно ги освои трите бодови.
Нов пораз пак доживеа тимот на Слога од Виница, откако на гостување кај Шкендија Арачиново претрпе пораз со резултат од 2:1 во меч кој се одигра на стадионот во Чаир.
Единствениот меч кој заврши без погодоци во рамки на шестата рунда беше натпреварот меѓу Новаци и Каменица Саса, двете екипи ремизираа без погодоци (0:0).
Екипата на Детонит Плачковица со минилани 0:1 го освои Кочани откако славеше минимална победа над Осогово, но довална за нови три бодови на контото на радовишани.
Тренерот на радовишкиот тим, Горан Здравков истакна дека во Кочани имале една цел, да го освојат целиот „плен“ и во Радовиш да ги донесат трите бодови, задоволен од играта.
Конечно радост за Победа која со минилани 1:0 го доби Големо Коњари во прилепското дерби кое се игра на Градскиот стадион во Прилеп, а пак Кожуф и Скопје ремизираа во меч со по еден гол 1:1.
Иван Варадиновски, тренерот на Кожуф, вели дека настаните на мечот не заслужуваат фудбалски коментар, притоа тој им честиташе на неговите фудбалери за играта.
Ваквиот распоред на резултатите направи некои мали промени на табелата во Втората лига, па во вакви околности на врвот останаа само Брегалница и Беласица со по 16 бодови, а поради подобрата гол разлика штипјани се на врвот од табелата.
——- ТАБЕЛА СО БОДОВИ
Шкендија Арачиново е трета со 14 бодови, следува Кожуф како четврти со 12 бодови, а по 11 бодови имаат Скопје и Охрид за делба на петтото место.
Детонит Плачковица е седми со десет бодови, а толку има и Новаци кој е место подолу на табелата, а пак Осогово е во бараж зоната со седум бодови како деветти, а во бараж зоната се и екипите на Каменица Саса и Тетекс со по шест бодови.
Следува Вардар Неготино како 12-ти на табелат со шест бодови, а со него во зоната за директно испаѓање се Победа со четири бодови, Слога Виница и Преспа со по три бодови, а на дното без бодови е тимот на Големо Коњари.
Александар Ванев, М-Нет