
Овој викенд беа одиграни натпреварите од третото коло во Трета лига – Југ, а најголема победа забележа ланскиот второлигаш Борец од Велес, кој со 0:7 го декласираше новиот третолигаш Тополка.
Висока победа прослави и екипата на Младост која на домашниот терен во Кривогаштани со 4:1 славеше над Дреново, а пак Питу Гули со сигурни 2:0 го доби Млекар, па така трите бодови останаа во Крушево.
Бучин и Башкими од Јаболчиште ремизираа играјќи 1:1, а така беше и на мечот меѓу Росоман и Утралс, додека пак Влазними Јуниор и Венец ги поделија бодовите во меч кој заврши со четири гола односно 2:2.
На врвот е Питу Гули со седум бодови, а толку има и Ултрас и Росоман, а пак Борец е четврти со шест бодови.
Во Трета лига – Север, пак се одиграа натпреварите од 4. коло, а во рамки на истото беа постигнати голем број на погодоци.
Најубедлива победа однесе поранешниот прволигаш Еуромилк ГЛ кој со 6:0 славеше над Отља, а исто така убедлива победа имаше и БВК Коњаре кој го доби Башкими Љуботен со 6:1.
Реми меѓу Беса од Сарај и Аеродром од 1:1, додека пак Ржаничино забелажа домашен триумф од 2:1.
Беса од Слупчане пред својата публика беше сигурена со 4:2 над некогашниот второлигаш Кадино, додека пак Куманово со минимални 1:0 го доби соочување со Фортуна.
Домашна победа од сигурни 2:0 забележа екипата на Пчиња која го доби Студеничани.
На врвот од табелата е Еуромилк ГЛ со максимлани 12 бодови, а три екипи имаат по десет бода за делба на второто место, односно Аеродром, БВК Коњаре и Куманово, екипата на Пчиња е на петтата позиција со девет бодови.
Во Трета лига – Југозапад се одиграат натпреварите од третата рунда, а во која Демир Хисар имаше најубедлива победа од 3:0 нда Славеј, Велешта со 2:1 го доби кравари за прво славје, Света Троица со 3:1 го доби Влазними и со тоа изби на врвот од табелата.
Во Дебар беа постигнати три гола за победа на Кораб од 2:1 над Напредок, а пак Караорман со 4:2 славеше над Могила.
На првото место е Света Троица со седум бодови, по шест бода имаат Влазними и Караорман.
Третото коло се одигра и во Трета лига – Запад, каде лидерот Камјани со 0:3 дојде до лесна и убедлива победа над Љуботен, Влазними со 2:0 славеше над Вардар од Брвеница, а пак победникот на мечот меѓу Напредок и Зајас во Кичево го одлучи еден погодок за триумф на домашниот тим од 1:0.
Скрендербег ја доби Речица на домашен терен со 3:2, а пак Дрита ја доби голеадата од 4:2 со Ренова. Еден натпревар заврши без победник откако Доброште и Џепчиште ремизираа 1:1.
Прв е Камјани со девет бодови, Напредок е втор со седум, а Влазрими е трет со шест бода.
Александар Ванев, М-Нет